Кали Сретех, технолошки експерт од Палестина, пронајде баг во Фејсбукот кој се однесува на сигурноста и приватноста на корисниците и им овозможува на луѓето кои не ви се пријатели да ви пишуваат по ѕидот.
Компанијата најпрво не му верувала, а потоа тој ги подучил. И тоа со стил!
Откако им испратил соопштение, дури на третото добил одговор во кој пишувало „Се извинуваме, но ова не е баг“. Тогаш Палестинецот решил да ја превземе работата во своите раце и да го „нападне“ самиот врв на пирамидата – ѕидот на Марк Цукерберг.
Во својата порака најпрво му се извинува што му „упаднал“ на ѕидот и му објаснува за што се работи, а тој негов потег подоцна, секако го добил „заслуженото“ признание. По само неколку минути Шретех добил порака од еден од вработените во Фејсбук, кој побарал да ги слушне сите детали за хакот.
Но, она што се случи најмногу ги заинтригира светските медиуми. Имено, Фејсбук најпрво го блокирал профилот на Шретех, а потоа одбил да плати за откривање на овој пропуст, бидејќи бил направен на недозволен начин:
„За жал, не бевме во можност да ви овозможиме плаќање за откривање на пропустот, бидејќи вашата постапка го прекрши правилникот за користење. Сепак, се надеваме , дека и во иднина ќе продолжите да соработувате за пропустите на страната“, стоелно во поштата која ја добил.
http://youtu.be/F9J8U9ZpEnw