Ози Озборн: Шерон и јас не се разведуваме!

Ози Озборн, вокалот на групата „Black Sabbath“, се извини денес поради тоа што во минатите година и пол бил пијан и дрогиран, но рекол и дека не се разведува од сопругата Шерон.

Британскиот рокер реагирал преку неговиот Фејсбук профил, на медиумските шпекулации кои деновиве го заобиколија светот, дека после повеќе од 30 години брак ќе се разведе од неговата сопруга со која веќе извесно време живеат одвоено.

„Само да разјасниме, Шерон и јас не се разведуваме. Јас само се обидувам да станам подобра личност“, изјавил 64-годишниот Озборн.

ozzy-osbourne-sharon-osbourne-home-1987-red-carpet-2011-photo-split

Тој, како што пренесува Ројтерс, во изминатите 18 месеци многу пиел и се дрогирал, и дека се наоѓал во многу „мрачен период од својот живот“, но сега веќе 44 дена е „чист“.

Озборн е познат по неговите проблеми со дрогата и алкохолот и повеќе пати до сега заминал на рехабилитација.

„Би сакал да и се извинам на Шерон, на моето семејство, пријатели и членовите на бендот поради моето лудачко однесување во овој период… и на моите фанови“, додал славниот пејач.

Озборнови станаа едни од најпознатите холивудски двојки благодарение на нивното ралити шоу „The Osbournes“.

Шерон Озборн (60), е жири во американското ТВ шоу „Америка има талент“, а јавно говореше и за борбата со ракот.

- Реклама -