Овошна торта

Тортата секогаш е пријатно изненадување и омилен десерт. За денеска ви предлагаме овошна торта која не е многу тешка, а и лесно се подготвува.

Состојки:

За кора – 100г маргарин, 100г шеќер во прав, 2 лажици кисела павлака, 3 јајца, 180г брашно

За фил – 750г замрзнати рибизли или било кое зрнасто овошје, 150г шеќер во прав

Подготовка: Стопете го маргаринот и додадете ги шеќерот, павлаката, жолчките и брашното. Направената смеса за кора оставете ја да отстои околу половина час. Развлечете тесто со дебелина од 2 сантиметри, преку него ставете го овошјето и ставете во рерна загреана на 180 степени.

picA8CelG

Претходно одвојте 100г овошје и од него направете пире. Белките и шеќерот сматете ги и измешајте со пирето. Печете го колачот околу половина час, а кога ќе биде готов преку него нанесете ја смесата од пирето и јајцата и вратете во рерна уште дваесетина минути. Врз тортата наросете шеќер во прав.

Добар апетит!

- Реклама -