Пoвеќето од нас порадо ќе посегнат по овошен сок, отколку по самото овошје. Токму поради ова во продолжение ви прикажуваме ултра природна и здрава комбинација, која ќе ги наполни вашите батерии.
Станува збор за „smoothie“ пијалок, направен од само три видови на овошје, но доволно силен за да ве освожи и воедно засити, пружајќи му ги на вашето тело потребните витамини, минерали и влакна.
Потребни состојки:
– 1 шолја сок од свежо исцеден портокал
– 8-10 јаготки со средна големина
– 1 банана
– неколку коцки лед
Подготовка:
1. Овошјето добро измијте го и исчистете го, а бананата ислупете ја и исечете ја на помали парчиња;
2. Состојките една по една додадете ги во блендер и додадете лед;
3. Се добро промешајте додека не се соедини и послужете го веднаш;
4. Пијалокот конзумирајте го за појадок и меѓу оброците.
Уживајте!