Овој уметник од „ѓубре“ прави живеалишта за бездомници

Грегори Клоен е уметник од Калифорнија кој има брилијантна и истовремено благородна идеја со која им помага на бездомиците. Имено, Клоен собира материјали кои ги пронаоѓа на улица, и ги рециклира во прекрасни мали мобилни домови со цел да им излезе во пресрет на луѓето на кои им е најмногу потребна помош.

Откако неговите сограѓани дознале за неговиот проект, започнале да му ги предаваат непотребните материјали кои залудно им зафаќаат место, со надеж дека за некому тие ќе претставуваат топол дом.

Секоја од минијатурните „куќарки“ е различна, и направена од материјали кои случајно се нашле таму во моментот на изработка. Иако изгледаат навистина скромно, сепак, малиот затворен простор и покривот над глава за некого значат многу.

recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-1 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-2 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-3 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-4 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-5 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-8 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-10 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-11 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-12 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-13 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-14 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-15 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-17 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-19 recycled-homeless-homes-project-gregory-kloehn-20

- Реклама -