Секој ден од последната декада, уметникот Ра Паулете се искачуваше по песочните ридови на Ново Мексико сосема сам, натоварен со количка и голем ранец полн со алати.
Неговата цел беа песочните пештери кои се протегаат во северниот дел на оваа земја, а на кои во целост им го промени изгледот. Наместо мрачни и морбидни простории, Паулете создаде ведри пештери во кои благодарение на неговиот дизајн и долгогодишно резбање, сончевата светлина продира во внатрешност.
Без ничија помош или пак некоја посебна модерна технологија, Ра Паулете креираше неверојатен ентериер кој наликува на некој друг свет. Тој има издлабено повеќе простории, секоја единствена и уникатна, и осветлена преку рачно ископани тунели.
Светлината дополнително ги истакнува спектакуларните резби кои можат да се пронајдат само во раскошните катедрали. Иако станува збор за уметничко дело, сепак, уметникот вели дека може да ги замисли овие простории како место во кое се собираат луѓето за состаноци или пак за медитација.
Пештерите се уште се во прогрес и не се отворени за јавноста, но, оние најљубопитните можат да направат виртуелна прошетка низ официјалната веб-страница на Паулете.