Се ближи летото па така доаѓа и времето кога треба особено да се фокусираме на усовршувањето на линијата на телото.
Од друга страна, се повеќе можеме да ги почувствуваме топлите влијанија од сончевите зраци, па сме се повеќе ставени во искушение за освежителен, ладен десерт, кој во продолжение ви го претставуваме во облик на пијалок.
И тоа не било каков, туку пијалок кој има вкус на свеж сладолед, кој е особено здрав и хранлив, и кој се на се содржи околу 160 калории.
Состојки:
– 1 чаша свежи јагоди, малини или боровница
– половина чаша јогурт со помала малсеност
– половина чаша свежо исцеден сок од портокал или грејпфрут
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте ги околу 30 секунди, односно се додека не се добие еднолична смеса. Можете да го конзумирате веднаш, или пак да го оставите да отстои неколку часа во ладилник, по што би претставувал вистинско летно освежување.