Познатата водителка Елен ДеГенерис му даде бакшиш од илјада долари на доставувачот кој ги донесе пиците на Оскарите.
Еден ден по доделувањето на златните статуетки, Елен за гостин го имаше Едгар Мартиројсан во својата емисија. Симпатичниот Едгар и неговиот брат се сопственици на пицеријата ‘Big Mama’s & Papa’s’ во Холивуд.
„Собрав околу 600 долари бакшиш. Еве, овде има илјадарка“, рекла Елен и му го даде бакшишот на Едгард.
Покрај бакшишот, Едгар и неговата пицерија добија многу повеќе. Се проценува дека таа достава му обезведува 1,8 милиони долари вредна реклама за својата пицерија.
По добивањето на нарачката, тој мислел дека доставата е за некои писатели, но тогаш го пречекала Елен која му рекла само да ја следи.
„Тогаш ти дојде и бев на сцена. Бев шокиран“, рекол Едгард, кој најмногу бил воодушевен од Џулија Робертс.
Доставувачот заедно со Елен шеташе низ првите редови на публиката и така имаше прилика одблизу да ги види едни од најголемите холивудски ѕвезди.