Овој автомобил ќе трае 100 години без гориво- Ториумот

Ако вашиот автомобил беше придвижуван од ториум, вие никогаш повеќе нема да имате потреба да надополнувате гориво.

Возилото побрзо ќе се „потроши“ пред ториумот. Ториумот ќе трае толку долго, всушност, можно е и да ве надживее. Токму затоа компанијата наречена Laser Power Systems го има креирано концептот за ториум- гориво за придвижување на моторот на автомобилот. Елементот е радиоактивен, и тимот користи делови од него да се изгради ласер кој загрева вода, создава пареа, и ја придвижува турбината која создава енергија. Ториумот е еден од најгустите материјали на планетата. Мал примерок на него содржи 20 милиони пати повеќе енергија отколку примерок на јаглен со слична големина, правејќи го идеален извор на енергија.

Работата е во тоа што, д-р Чарлс Стивенс, извршниот директор на Laser Power Systems, изјавил за Mashable дека ториум-моторите нема да присутен во автомобилите во скоро време. „Автомобилите не се наш примарен интерес“, рече Стивенс. „Автокомпаниите не сакаат да го купат“. Тој изјавил дека автомобилската индустрија премногу се фокусира на правење пари од гасните мотори, и тоа ќе потрае барем неколку децении за ториум технолигијата да се користи доволно во други индустрии, за производителите на возила да започнат да го разгледува реорганизирањето на начинот на кој тие мислат за моторите. „Ние го градиме ова за да го напојуваме остатокот од светот“, изјавил Стивенс. Тој верува дека ториум турбина во големина на клима уред ќе може да обезбеди евтина моќ за цели ресторани, хотели, деловни објекти, дури и мали градови во делови од светот без електрична енергија. Во одреден момент, ториумот може да обезбедува индивидуални домови. Стивенс разбира дека луѓето можат да бидат претпазливи за ториумот затоа што е радиоактивен- но секоја таква загриженост би била неоснована. „Радиацијата која ја развиваме може да се заштити само со еден лист алуминиумска фолија“, рече Стивенс. „Вие ќе добиете повеќе радијација од х-зраците добиени од снимање на забите за стоматологот“.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

- Реклама -