Секогаш имаме прилика да погледнеме листа на познати кои најмногу заработуваат, но сега има една поинаква таква листа.
Дали знаете дека некои од нив прават милипни и по смртта?
Џејм Дин- 7 милиони
Холивудскиот актер Џејм Дин е запамтен по една од најкратките и најспектакуларните филмски кариери.
За само повеќе од една година и со три снимени филма достигна светска слава и стана симбол на незадоволна генерација на американската младина на крајот на педесеттите години на дваесеттиот век.
Тој, за жал, загина во сообраќајна несреќа на 24 години, а неговиот лик и дело и понатаму ги инспирира луѓето ширум светот. Минатата година модната куќа „Dolce & Gabbanna” направи маици со ликот на Џејмс Дин, кои се продаваа за 345 долари.
Брус Ли- 9 милиони
Дури и да не сте ги гледале неговите познати акциони филмови, сигурно имате слушнато за овој легендарен актер на кој му нема рамен кога станува збор за боречките вештини.
Сепак, дури и 40 години по неговата смрт, неговиот лик и дело носи приход од 9 милиони долари годишно.
Џон Ленон- 12 милиони
Познатиот член на „Битлси“ се уште заработува 12 милиони долари годишно од продавање на албуми на најпознатиот бенд некогаш, како и од авторските права за користење на неговите песни во комерцијални цели.
Интересен податок е тоа што само во Амрика од 1992 година до денес се продадени преку 63 милиони копии од нивните албуми.
Мерилин Монро- 17 милиони
„Authentic Brand Group” ги штити правата на една од најубавите жени некогаш, а славната Мерилин носи вистинско богатство.
Иако таа почина во 1962 година, Мерилин и денес е ненадминлив секс симбол, а вреди дури 15 милиони долари годишно.
Боб Марли- 20 милиони
Боб Марли е вистинка асоцијација за реге, но постои и оние кои ги асоцира на еден тон пари.
Компанијата „Marley Beverage” заработува милиони од продажба на пијалоци наречени Marley’s Mellow Mood, додека „House of Marley” својата заработка ја вади од производи и аудио записи кои имаат за цел да ја зголемат еколошката свест.
И сето тоа носи 20 милиони долари на годишно ниво.
Елизабет Тејлор- 25 милиони
Не само што беше позната актерка, таа во текот на животот заработи големо богатство од својата линија на козметички производи.
Таа линија, во која се истакнува парфемот „White Diamonds”, и денес носи завиден профит од 25 милиони долари.
Елвис Присли- 55 милиони
Хитовите на кралот на рокенролот се уште се слушаат подеднакво како и за време на неговиот живот, што го прави една од иконите на современата култура.
Посетите во неговиот дом, како и користењето на неговиот лик во комерцијални цели, носи на негово име неверојатни 55 милиони долари годишно.
Мајкл Џексон- 140 милиони
Кралот на поп музиката е крал и на оваа листа на познати кои заработуваат милиони и по нивната смрт.
Продажбата на неговите албуми енормно е зголемена по ненадејната смрт пред 5 години, а концертите со неговиот холограм во Лас Вегас се однапред распродадени.
Поради тоа, на името на Мајкл Џексон годишно се заработува 140 милиони долари.