Дали знаете дека одредени видови на овошје или зеленчук не само што не морате, туку и не би требало да ги лупите? Освен што ќе заштедите на време, ќе внесете здрави и хранливи состојки во организмот кои би ги изгубиле при отстранувањето на кората.
Компир
Сосема е нормално отстранувањето на лушпата при подготовката на пире, компир салата, или пак печењето компири. Но, ова е лоша идеја, бидејќи 20% од хранливата вредност на компирот, како витаминот Б, минералите и влакната, се наоѓаат токму во неа. Доволно е компирот само добро да го измиете.
Домат
Кората на доматите содржи фитонутриент насунин – силен оксиданс кој помага во борбата против оштетувањето на ќелиите, поради кои доаѓа до стареење или разни болести.
Свежи краставици
Иако може да биде малку груба, кората на темнозелената краставица е одлична за зајакнување на имунитетот. Таа е богата со антиоксиданси и влакна.
Морков
Се додека е добро измиен, не постои причина да ја излуштите кората. Сите антиоксиданси се концентрирани токму во неа, или директно под неа.
Јаболко
Многумина се одлучуваат да ја отстранат лушпата на јаболките бидејќи се жилави за џвакање. Но, јаболковата кора е преполна со кверцетинот и витамин Ц, кои се вистинки борци против ракот.