Луксузната вила се наоѓа во Лимпопо Провиденс во Јужна Африка. Опкружена е со прекрасен поглед и неверојатни пејсажи. Во вилата може да се сместат до 26 гости, а се простира на 12.000 хектари земјиште, каде посетителите можат да се восхитуваат и уживаат.
Да се биде во непосредна близина на африканските диви животни е навистина неверојатно и тоа е главната карактеристика што ја прави посебна оваа луксузна вила. Се разбира, само животната средина не е доволна сама по себе за се да биде одлично.
Вилата изгледа фантастично како надвор, така и внатре. А просторното земјиште овозможува на посетителите да уживаат во природата и авантури без да го напуштат имотот.
Овој луксуз бил дизајниран од наградуваното архитектско дуо Силбио Реч и Лесли Карстенс. Посетителите кои ја изнајмуваат вилата добиваат и послуга вклучувајќи и приватен готвач. Времето може да го минувате во разни активности како велосипедизам, риболов, јавање, моторциклизам, а на располагање има и хеликоптери.
Се на се, ова е навистина неверојатно место кое на посетителите ќе им обезбеди уникатно искуство.
Погледнете ја приложената фото-галеријата.