Популарната 64 годишна актерка, Мерил Стрип, е лидер во бројот на номинации за Оскар, а досега ја има освоено оваа престижна награда дури три пати, од кои два за најдобра актерка а еднаш за најдобра споредна глумица.
Во видеото подолу се прикажани исечоци од неколку филмски остварувања во кои таа има улога, и каде во фокусот се ставени сите нејзини гласовни и актерски трансформации. Погледнете зошто Мерил Стрип многумина ја сметаат за една од најдобрите актерки во светот.