Благодарение на уникатната култура, прекрасната архитектура и стабилната економија, Швајцарија постојано се наоѓа на листата на земји кои нудат најквалитетни услови за живот.
Но, она што за многумина е најголемото богатство со кое може да се пофали оваа прекрасна земја, се неверојатните природни ресурси и волшебни пејсажи со кои Швајцарија едноставно изобилува. Еден од најдобрите примери кои го потврдуваат овој факт е и селото Лаутербрунен.
Лоцирано во градот Берн, помеѓу високите Алпски синџири, селото лежи во срцето на Лаутербруновата долина. Од врвовите на карпестите ридови неколку водопади се слеваат во долината, низ која пак тече реката Ваисе Лучин.
Ова магично место уште од дамнешни времиња претставувало инспирација за голем број уметници и писатели, меѓу кои и Џ.Р.Р. Толкин, кому му послужиле овие пејсажи при креирањето на фиктивниот град Ривендел.