Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам е едне од амбасадорите на УНИЦЕФ и овој пат испрати видео порака до сите луѓе ширум светот.
Минатата недела Дејвид Бекам ги посетил Филипините кои беа погодени од тајфунот Хијан.
Фотографиите на кои популарниот Бекс држи бебе или си игра со децата кои останале без дом го разнежнија целиот свет.
Сега тој отиде чекор понатаму и како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ испрати уште попотресителна порака на видеото.
Во видеото се наведува дека има повеќе од милион деца- избеглици поради сириската криза, преку два милиони деца се погодени од конфликтот во Централна Африканската Република, 1,7 милиони деца се раселени поради тајфунот на Филипините.
Бекам, кои и самиот има четири деца, ги повика сите луѓе да помогнат на децата чии домови се разрушени и кои сега живеат како емигранти.