Улогата на вонземјанското чудовиштето првично била наменета за мускулестиот Ван Дам.
Многумина не знаат дека првата холивудска работа на Ван Дам била во филмот „Предатор“ со Арнолд Шварценегер.
Експертот во боречки вештини требало да го игра самиот Предатор, а во јавноста се појави снимка од неговото талкање во џунглата (која сепак не успеа да стигне на големиот екран).
Стив Џонсон, кој работел на специјални ефекти во овој филм на Џон МекТирнан од 1987 година, вели дека костумот кој Ван Дам го носел бил „одвратен“.
„Тој беше пред своето време, но беше ужасен! Подоцна е променет затоа што беше невозможно да се снима во него. Жан Клод е најмен да го игра суштеството и беше нестрплив за слава, па не ни сфати во што се впушта. Мислеше дека ја добил приликата да му покаже на светот што знае, а кога го облековме во жар-црвениот костум, кој во постпродукција станува невидлив покрај зелената позадина, тој рече: „Го мразам ова!“, открива Џонсон.
„Мислеше дека ќе глуми покрај Шварценегер, и не сфати дека е само каскадер“, додаде тој. „Го прашав: зарем никој не ти кажа дека нема да се гледаш во сцените, и тој тогаш полуде“.
На крај, не беше ни „каскадер“… Го напушти снимањето на филмот, а неговата улога отиде во рацете на Кевин Хол. Сепак, наскоро го снимил филмот “Bloodsport” (1988), еден од неговите најдобри филмови.