Младата актерка Дакота Фенинг пристигна во Венеција за да го промовира нејзиниот нов филм „Night Moves“, а сите се воодушевија од нејзиниот фустан со потписот на Ели Сааб.
Кој би рекол дека 19-годишната актерка ќе стане девојка со неверојатен моден стил? За филмскиот фестивал во Венеција избра прекрасна креација од славниот дизајнер Ели Сааб како и едноставен комбинезон од Viktor&Rolf.
Синиот фустан како од бајките сигурно ќе остане запишан како едно од нејзините најдобри изданија оваа година. Се согласувате?