Шимпанзата, горилата и другите мајмуни се познати со својот интелект. LiveScience набројува уште неколку претставници на животинското царство, кои во многу погледи не им отстапуваат.
Дали знаете кое е најинтелигентното домашно животно на планетата? Свињата
Докажано е дека нејзината способност да решава проблеми ги надминува оние на кучето и мачката. Едно истражување покажува дека домашните свињи брзо може да разберат како функционира огледалото и да го користат одразот, за да ја разгледаат околината за храна. Научниците се уште не можат да утврдат дали свињите се свесни дека го гледаат сопствениот одраз во огледалото. Бројни тестови покажаа дека мајмуните, делфините и слоновите можат.
Октопод
Несомнено најпаметниот претставник на безрбетниците. Експериментите со лавиринти и решавање на проблеми покажуваат дека октоподите имаат како краткорочна, така и долгорочна меморија. Тие можат да отвораат тегли и да влезат во тесни отвори. Освен тоа можат да бидат обучени да разликуваат форми и фигури. Забележано е како октоподите си играат (еден од знаците на интелигентите животински видови), со тоа што постојано пласираат предмети во кружно поле и потоа си ги земаат. Октоподот е единственото безрбетно животно кое може да користи предмети. Барем пет поединеци се забележани како собираат исфрлени кокосови лушпи, а потоа ги приспосубуваат и бришат, за да ги користат како засолниште.
Гарванот
Во митовите и приказните гарванот е лукав. Реалноста во многу односи го оправдува тоа верување. Гавранот користи предмети, крие и складира храна за следната сезона, има епизодна меморија и може да ги користи минатите искуства, за да предвидува идни ситуации. Новите истражувања покажуваат дека гавраните се способни да разликуваат еден човек од друг по цртите на лицето и можат да паметат едно лице со години. Внимавајте да не налутите некој гавран.
Делфинот
Еден од најпаметните претставници на животинското царство, најверојатно донекаде поради социјалниот начин на живот. Се смета дека тие имаат и доста сложен јазик кој луѓето допрва почнуваат да го толкуваат. Делфините користат алатки во својата природна средина и можат да научат импресивен број команди на однесување од луѓето. Како и повеќето од најинтелигентните животни во светот, тие остануваат со своите мали неколку години, додека не им ги предадат сите трикови на делфинскиот занает. Додека се во потрага храна по морското дно, делфините откинуваат парчиња морски сунѓер и ги ставаат околу носот, за да спречат гребнатинки.
Слонот
Слоновите предводат на листата за најпаметните цицачи, освен приматите. Живеат тесно поврзани во општества со сложена хиерархија. Тие се способни да манифестираат алтруизам кон други животни, користат предмети и лесно се адаптираат на нови ситуации. Истражување од 2010 покажува дека тие можат да си помогнат – на пример во задача, при што два поединеци треба истовремено да ги повлечат двата краја на едно јаже за да стигнат до одредена храна – што ги изедначува со шимпанзата по способност за помош. Но, тоа, што ги одвојува слоновите од сите други животни, се сложените „погребни“ ритуали. Покрај нив единствените видови кои пројавуваат таков однос кон мртвите, се неандерталците и хомо сапиенс. Често слоновите внимателно ги разгледуваат коските на починатите слонови и набљудуваат во тишина, а потоа ги посетуваат “гробиштата”. Во неодамнешен експеримент слоновите откриле начини да си земаат храна, за кој што истражувачите не се сетиле. Попаметни се од нас? На некои начини, најверојатно е така.