Ова никој не го очекуваше; Славната оскаровка призна дека е бисексуалка

Кејт Бланшет ја изненади јавноста кога во едно интервју откри дека е бисексуалка.


Австралиската актерка (45) веќе 18 години е во брак со режисерот и сценарист Ендру Аптон, па затоа сите останаа изненадени од нејзиното признание дека имала врска со личности од истиот пол.

Кејт моментално го промовира својот нов филм „Керол“ во кој толкува лезбејка, а кога новинар ја запраша дали е ова нејзино прво хомосексуално искуство, таа одговори:

  – На филм или во вистинскиот живот?

Кога беше запрашана дали тоа значи дека имала врски со жени, таа одговори:

 – Да, повеќе пати.

Убавата актерка, која освои два Оскари, никогаш порано не навестила дека е заинтересирана за жени. Со Аптон имаaт четири деца.

- Реклама -