Можеби ова не го очекувавте од неа, но познатата актерка Кејт Бланшет ги изненадила сите присутни кога ја добила наградата Златен глобус затоа што малку повеќе се напила.
Кејт Бланшен уште еднаш го потврди својот актерски талент кога доби Златен глобус за најдобра актерка во новиот филм на Вуди Ален “Blue Jasmine”. Но, Кејт признала дека воопшто не се сеќава на церемонијата на доделување на наградите затоа што била „зашеметена“.
„Мојата категорија дојде на ред доцна па веќе бев прилично пијана. Кога го прочитаа моето име, мојот адреналин скокна до небо и повеќе на ништо не се сеќавам. Се надевам дека не сум направила ништо непримерно“, признала Кејт.