Игривиот принц повторно е во центарот на вниманието.
Малиот принц Џорџ ги освои срцата на многумина за време на турнејата во Австралија и Нов Зеланд, а овој пат Џорџ бил во „свој елемент“.
Во неодамнешното интервју со Мајк Тиндал, сопруг на братучетка на принцот Вилијам Зара Филипс, отрил како изгледало првото запознавање на неговата четиримесечна ќерка Миа со малиот принц.
„Мислам дека Миа не се сеќава на тој ден. Имаше само два месеца, и тоа беше вистински хаос. Џорџ во тоа време јадеше, а тоа беше оној период кога повеќе храна завршувала на подот отколку во неговата уста. Тогаш тој фрли храна на својата помала братучетка“, открил Мајк.