Сега сите знаат како изгледа малата принцеза!
Мила Кунис и Ештон Качер станаа горди родители на малото девојче, кое доби малку машко име Вајат Изабела Качер. Иако е девојчето штотуку родено, веќе стана мета на папараците кои не се тргаат од куќата на познатиот пар. Токму поради оваа причина, Ештон ја објавил фотографијата од новородената ќерка на својата страница Aplus.
„Мила и јас сакаме да ја претставиме Вајат Изабела Качер на светот“.
„Нека твојот живот биде полн со чуда, љубов, смеа, здравје, среќа, љубопитност и приватност“.
„Можете ли да погодите кое е нашето бебе, или дали воопшто е важно тоа? Сите бебиња се слатки“.
Сепак, со не толку среќно расположение го напишал ова на неговата Фејсбук страна:
„Еве ја сликата од детето. Па, едно од нив е. Сега тој хелокоптер над нашата куќа може да престане да лета, бебето спие таму внатре!“, напишал тој.
Ова е првото дете на двојката, која се запознале на снимањето на серијата „That 70s Show“.