15 годишнио Патрик Отема бил роден сосема глув, во едно рурално подрачје на Уганда. Не постои никакво училиште за глуви деца во близина на неговото село и воопшто во целиот овој регион.
Така, благодарение на околностите во кои израснал, тој никогаш немал вистинска конверзација со друго човечко суштество. Единствено неговиот татко комуницира со него за поедноставни и секојдневни работи со помош на некои основни знаци.
Но, откако учителката за знаковен јазик, Рејмонд Окело, дошла во неговото село, животот на Патрик тргнал по нагорна линија. Имено, таа има за цел во потполност да го промени нивниот начин на живеење, и да ги научи него и останатите глуви луѓе од овој регион како да комуницираат со помош на знаци, за конечно да можат да се изразат и да престанат да живеат во тишина.