Кога се појави фотографијата на Војвотката од Кембриџ со сиви прамени кои „ѕирнаа“ од нејзините обично беспрекорни кадрици, таа очигледно одлучи дека е крајно време да инвестира во некои сериозни промени по бременоста. Кејт останала со часови кај најскапиот фризер во земјата, а потоа поминала шест часа во обликувањето на идеалната фризура. Според Daily mail во неделата Кејт поминала повеќе од половина ден во луксузниот салон Rossano Ferretti hair spa во централниот дел на Лондон, каде една фризура чини 600 фунти.
Имено, 31-годишната војвотка добила ВИП услуга во стан на третиот кат, каде што и била направена косата во целосна доверливост. Според сведоците, кога Кејт го напуштила салонот, изгледала неверојатно. Ова било првата можност за Кејт да ужива по раѓањето на принцот Џорџ бидејќи таа поминува поголемиот дел од времето дома со него.
Имотот The Regency каде се наоѓа луксузниот фризерски салон, повеќе личи на семејна куќа. Клиентите се членовите на саудиското кралско семејство. Мајката на Кејт Мидлтон – Керол, исто така, го посетува овој фризер. Оформувањето на фризура во салон може да трае од еден час до цел ден. Една од најпопуларните фризури е знаменитата „невидлива фризура” на Ферети која тој прави со посебни рачно изработени ножици.