Oва е вистинскиот Кристијан Греј

Додека на едни им се допаѓа, други го мразат , а трети немаат интерес ни да го погледнат, овој филм сепак, успеа да го привлече вниманието на јавноста насекаде низ светот и да испровоцира лавина озборувања.

Зборуваме за мега хитот „50 нијанси на сиво“ кој неделава создаде вистинска еуфорија од коментари ( претежно – негативни).

Жените кои ја читале книгата беа разочарани од секс сцените, а порно ѕвездите порачуваа „Ако сакате порно, гледајте не нас“… И така, додека е актуелна темава се појави и информација за она што многумина се прашуваа – кој е вистинскиот Кристијан Греј? Кој стои како инспирација зад овој лик, и воопшто, постои ли таков?…

Актерката на книгата  Е.Л. Џејмс откри дека го создала ликот на Кристијан, по скица на нејзиниот сопруг, Нијал Леонард.

Леонард гостуваше во емисијата  „Today Show” каде малку засрамен искоментира дека жена му се пошегувала со оваа споредба. Тој не сакал да коментира кои се сличностите меѓу него и Греј.

Можеме да заклучиме дека тој и актерот од филмот немаат ништо заедничко – барем наизглед.

inspiracija-50-nijansi-sivo-01 inspiracija-50-nijansi-sivo-02

- Реклама -