Во емисијата „Хит на месецот“ беше претставена песната со која Тијана Дапчевиќ во мај ќе ја претставува Македонија на Евровизија, во Копенхаген, Данска. Автори на „Таму кај што припаѓам“, односно во англиски јазик, „To The Sky“ се Дарко Димитров и Лазар Цветковски, додека зад текстот се потпиша Елена Ристевска. Оваа година Македонија ќе се претстави со брза, динамична и модерна песна.