Гостувајќи на емисијата „The View” актерката Софија Вергара гордо го покажа својот веренички прстен, велејќи дека сака и таква свадба: огромна, блескава и фантастична.
Иако Софија има веренички стаж од две години, таа и понатаму е заљубена во својот прстен.
Иако е веќе години со Ник Лоеб, парот сеуште не планира венчавка.
– Или ќе побегнам и ќе се венчам во Лас Вегас, или ќе правам голема свадба- кажала таа.