Гвинет Палтроу и Крис Мартин останаа пријатели откако објавија дека се разведуваат.
Актерката Гвинет Палтроу и Крис Мартин неодамна објавија дека се разведувааат, но останаа во пријателски односи, а по објавата за разводот со децата отпатувале на Бахамите.
Гвинет и Крис сите работи ги правеле одвоено веќе долго време. Некои извори тврдат дека тие имале „отворен брак“ и дека на актерката не ѝ сметало што Крис излегувал со други жени.
„Таа никогаш не била љубоморна или територијална. Нејзината филозофија е дека се возрасни луѓе и дека донесуваат сопствени одлуки“, изјавил изворот.