Пред извесно време, при градежни работи, беше пронајден мистериозен црн ковчег, за кој се шпекулираше дека ги содржи останките на Александар Македонски.
Саркофагот, стар околу 2000 години, бил пронајден во Александрија. Шпекулациите ги засили токму овој факт, дека се наоѓа во градот што го основал токму големиот владетел.
Но, по отворањето, откриено е дека станува збор за три мумии, кои поради лошиот квалитет на ковчегот се целосно уништени и останати се само коските. При истражувањето, не се најдени никакви докази дека посмртните останки припаѓаат на кралско семејство, а уште помалку на Александар Македонски.