Откако помина шест месеци во вештачка кома, ќерката на покојната Витни Хјустон е тргната од апаратите.
Но, во јавноста стигнаа нови детали за случувањата кои доведоа до нејзината хоспитализација.
Против дечкото на Боби Кристина, Ник Гордон, е подигната тужба во која се наведува дека тој неколку пати физички за злоупотребувал, како и дека ги крадел нејзините работи додека таа била во кома.
Семејството Хјустон се спрема за погреб
Особено е потресувачка информацијата за тужба, која сугерира дека Боби пред да биде најдена во када во несвест на 31 јануари, планирала на блиска личност да ја каже вистината за тешкиот темперамент на Гордон. Наводно со таа личност договорила состанок на кој требало да и каже повеќе детали, но на тој состанок никогаш не стигнала. Таа вечер наводно имала жестока расправија со Гордон, но, според тужбата, таа расправија завршила кобно за Кристина, која е најдена во бесвесна состојба во када, со потечени усни и без еден заб.
Гордон е обвинет и дека ја користен хоспитализацијата на Боби, и дека ја крадел додека таа била во болница. До сега има украдено околу 11.000 долари, се наведува во тужбата. Тој, наводно, лажно се претставувал како сопруг на Боби со цел да има достапност до нејзините пари уште од 2014 година, а за сето тоа се бара да плати 40 милиони долари.
Гордон се уште не реагира на овие тврдења, но на Твитер напишал дека се моли за Боби и без апарати да се избори и да преживее.
Што се однесува до нејзината моментална состојба, тетката на Боби Кристина, Пет Хјустон изјави дека таа е симната од апаратите, и дека сега се е во „Божји раце“.