Една од гостинките на тајната венчавка на славниот пар, реши да сподели неколку детали од настанот.
Џенифер Анистон и Џастин Теру дадоа сè од себе, за нивната венчавка да помине без медиумска прашина, и во присуство исклучиво на роднините и пријателите.
Меѓу познатите кои биле поканети, била и комичарката и водителка Елен Деџенерис, ианку блиска пријателка на двојката, која што откри нешто ситно околу свадбената веселба.
– Џастин и Џенифер ми се многу добри пријатели, и знам колку долго ја планираа венчавката. Беше прекрасно. Програмата ја водеше Џими Кимел, а пееше Сиа Фурлер. Беше тоа една прекрасна вечер, објасни Елен и додаде им ја посакува сета среќа на Џенифер и Теру, и дека многу и е драго што успеале да ги сокријат од медиумите плановите за венчавката , до самиот крај.