Полицијата откри нови детали за смртта на Робин Вилијамс.
Актерот Робин Вилијамс во понеделникот, некое време после пладне, беше пронајден мртов од неговата лична асистентка. Животот наводно си го одземал со бесење и не оставил порака со која на своето семејство и пријателите би им објаснил што го навело да си го одземе животот, пишува TMZ.
Вилијамс се обесил додека неговата сопруга Сузан не била дома. Кога асистентката стигла до нивната куќа, ѝ било сомнително што ни по второто тропање никој не ја отворил вратата. Самата влегла во куќата и го пронашла телото на актерот.
Полицијата одржала прес-конференција за медиумите и открила и детали за смртта на познатиот актер.
Робин Вилијамс се обидел да ги исече вените со џебно ноже, но кога тоа не му успеало, се обесил со ременот, рекла полицијата.
Заменикот на полицијата потврдил дека Вилијамс бил сам дома кога се обидел да изврши самоубивство. Открил дека го зел ременот и го врзал околу вратот. Пронајден е во седечка положба, а наводно се послужил со пратата од плакарот и рамката на вратата.