Музика од iPod, Андреа Бочели немал место за седење, а гостите се напиле од коктелите бидејќи младите доцнеле.
Најпопуларната старлета на светот Ким Кардашиан и раперот Канје Вест се венчаа минатата недела во Фиренца, а прашината која се дигна околу нивната свадба и понатаму е присутна.
Како што соопштува Њујорк Пост, нивниот најважен ден и свадбата за која зборува цел свет се претворила во вистински циркус.
Поточно, Ким и Канје се венчаа на недостапното место Forti di Balvedere, па им била потребна дигалка за да го пренесе секој предмет поединечно, а најголем хит на свадбата биле огромните златни кутии од 15 метри висина, во кои се наоѓале тоалетите, а биле сместени веднаш до масите каде гостите ручале.
Имињата на гостите не биле напишани на хартија, туку врежани на столовите кои биле направени од мермер. Четири дена пред венчавката парот нарачал 30 статуи од црн мермер, но Канје два часа пред венчавката одлучил сепак да ги отстрани. Затоа што секоја од нив тежи по половина тон, на работниците им биле потребни два часа да ги отстранат.
На Канје, исто така не му се допаднале ни звучниците кои чинеле 100.000 евра, па музика пуштале од iPod.
Првиот танц траел цели пет песни, а потоа раперот одржал говор од 45 минути и зборувал за себе.
Старлетата на сопствената свадба каснела 25 минути, па гостите се напиле од коктелите, а една жена дури и се онесвестила.
А, откога Андреа Бочели ја извел својата нумера, немал каде да седне, но не се налутил поради тоа. Сепак, набрзо седнал во кола и си заминал дома.
Подарокот кој предизвика најголемо внимание беше шишето шампањ Chianti кое било покриено со злато, но наместо со тапа било затворено со дијамант. Овој подарок пристигнал од Џеј Зи, кој не се појави на свадбата.