Експертите од болницата Cedars-Sinai во Лос Анџелес сметаат дека вишокот на килограми е последица на високото количество на водород и метан во организмот.
Испитувањата извршени на над 792 луѓе покажале дека високиот индекс на телесна маса како и зголеменото количество на масти во организмот се појавуваат поради зглеменото количество на метан што е последица на бактеријата позната како Methanobrevibacter smithii во системот за варење, а најмногу во цревата.
Влијанието на овој микроорганизам е полезен за човековиот матаболизам, но кога балансот е нарушен истиот предизвикува поголемо количество на калории од храната која се внесува што значи и вишок килограми.
И претходните истражувања кои биле направени врз лабараториски глувци покажале дека оние кои имаат поголемо количество од оваа бактерија во цревата имаат и поголема телесна маса. Сето тоа ги наведува експертите на заклучокот дека во иднина, регулирањето на тежината, освен со физички активности и диети, треба да се остварува и со регулација на бактериите кои учествуваат во метаболизмот.