Шведските научници од универзитетот во Умеј откриле механизам кој предизвикува предвремена менопауза и неплодност. Списанието Science ги објавило резултатите кои сугерираат дека генот наречен PTEN, познат по својата улога во спречување на раст на туморите, исто така го спречува прераното созревање незрели јајце клетки во јајниците.
Со “бришење” на PTEN доаѓа до брзо намалување на залихите со јајце-клетки веќе во раната возрасна доба, покажале тестирањата спроведени на животни. Истражувачите веруваат дека овие наводи ќе овозможат да се развие делотворен третман за неплодност и постапка за вештачко оплодување.
Според нивното мислење манипулацијата со овие гени може да го попречи и прераното престанување на работата на јајниците. Исто така, со подобро разбирање на функциите на PTEN би можело да се овозможи полесно размножување и продолжување на некои видови загрозени животински видови.