Објавен е тестаментот на трагично загинатиот актер Пол Волкер. Неговото богатство го наследи само една личност.
40-годишниот актер Пол Волкер пред два месеци трагично загина во автомобилска несреќа, а сега е објавен неговиот тестамент според кој целото негово богатство го наследува неговата ќерка.
Американските медиуми пишуваат дека 15-годишната Медоу наследила имот и богатство во вредност од 25 милиони долари. Ќерката на Пол сега живее со нејзината мајка Ребека Сотерос, иако нејзиниот официјален старател е мајката на Пол.
Американските медиуми, исто така пишуваат дека неговиот татко, кој е и носител на тестаментот, побарал судско читање на истиот со цел да може да се изврши последната желба на Пол. Сослушувањето е закажано во февруари.