Откри се за својата „порно диета“- Да, добро прочитавте!

Не е никакво изненадување дека актерката Габриел Унион редовно вежба, но како функционира нејзината „порно диета“ и самата објаснила.
Згодната актерка Габриел Унион најмногу ја памтиме во филмот „Bad Boys 2“, а вниманието го привлекува со својата совршена фигура. Во вечерната емисија на комичарот Конан О’Брајан кажала се за својот режим на исхрана- „порно диета“.

Gabrielle Union (Foto: screenshot Conan)

Изгледа дека Габриела не пази што јаде- но затоа гледа што порно ѕвездите јадат! О да, добро прочитавте! „На порно диета сум. Всушност благословена сум што тренирам во теретана во која вежбаат и актери од порно индустријата“, ја започнала својата интересна приказна нагласувајќи дека девојките ѝ се многу драги.

Габриел признала и дека почнала се повеќе да се дружи со порно актери, кои пак со неа ги споделиле своите совети- за тоа како вежбаат и што јадат за фит тело! „Тоа е целосно лудо, но ги следам по целата теретана, се до барот- гледам што нарачуваат, а потоа и јас го земам истото. не јадат месо, тоа е интересно“, открила познатата актерка.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

- Реклама -