Со помош на апликацијата и уредот на компанијата Квиксет, вратата од својот дом ќе можете да ја отворате само со вашиот Смартфон.
Доволно е само еднаш да ја допрете бравата, за да го препознае вашиот уред и да се отвори вратата. Кога корисниците ќе се приближат кон снимената локација, доволно е со прстот да ја допрат бравата и телефонот бежично ќе ја отвори вратата. Понатаму, не е ни нужно да го вадите телефонот од џебот или од торбата.
Цената на пакетот изнесува ококу 170 евра, а вклучува брава и два клуча (за секој случај), доколку ви се потроши батеријата од мобилниот телефон.
Во моментов бравата е компатибилна со „ајфон 4s“ и „ајфон5“, а се работи на верзиите за Андроид и Блекбери.