Откачени навики на успешните луѓе

Некои велат дека успехот доаѓа по лудилото, а бројните историски приказни докажуваат дека е тенка линијата меѓу генијалноста и откачените примери. Во тој контекст причитајте неколку откачени навики на големите умови.

Бенџамин Франклин

Тој станувал многу рано, обрнувал внимание на   обврските, ја проверувал листата со состаноци и доручкувал. Сето тоа го правел еден час со неговата  официјална облека – сосема  гол.

Агата Кристи

agathaChristie_1465698c

Таа речиси никогаш не користела маса. Пишувала насекаде.

Ричард Рајт

Toj напишал   речиси сè на клупа во паркот во Бруклин. Не се интересирал за времето и седење секогаш кога ќе почувствувал  дека има што да напише. Многу од минувачите го гледале и  во врнежливи денови.

Игор Стравински

Igor+Stravinsky

 

Имал интересни тактики.Тој застанувал и стоел се додека  повторно не  почнувал  да ја слуша музиката . Понекогаш го правел тоа додека чекорел по улица.  Овој метод функционирал  за него, бидејќи како што раскажувал, на тој начин ги редел нотите во главата.

Вуди Ален

Вуди би требало да плаќа доста голема сметка за вода, бидејќи во  неколку наврати влегувал да се тушира, кога има потреба од будење и пребарување на нови идеи. Има моменти во кои немал време за соблекување и директно  влегувал  со облеката под тушот.

Фридрих Шилер

3188849773_34d2782ba6

Го обожувал  мирисот на расипани  јаболка на бирото. Тој верувал дека тие ја  будат неговата креативност.

Џонатан Франзен

„Измените” на Џонатан Франзен се создадени во тотална тишина и слепило. Франзен работел со тапи за уши и крпа околу  очите.

- Реклама -