Освежителна овошна салата

Долга е листата на лековити особини на боровницата, а судејќи по истражувањето на научниците од областа на неврологијата кога е во прашање заштитата на мозокот, не постои ништо што би можело да го замени ова овошје.

Освен тоа, боровницата е одлична за подобрување на видот, чистењето на артериите и зајакнувањето на крвните садови, помага при уринарни инфекции а помага и при контролата на телесната тежина.

Состојки:

1 црвен грејпфрут

1 жолт грејпфрут

200г. боровинки

1 јаболко

1 киви

Прелив:

100 мл. сок од портокал

сок од лимон

30г. мед

Подготовка:

Црвениот и жолтиот грејпфрут и кивите исчистете ги и исечете ги на парчиња. Распоредете го овошјето во круг на чинијата. Јаболкото исчистете го, отстранете ги непотребните делови, исечете гo на коцки и ставете ги на средина на чинијата. Преку нив распоредете ги боровинките. Измешајте го медот со сокот од лимон и портокал и прелиете го овошјето. Сервирајте ја медената овошна салата.

Овој оброк е богат со јаглени хидрати и пред се е наменет за деца и физички активни лица. Не е погодна за лица кои боледуваат од шеќерна болест, како ни за лица кои се на диета или пак склони на дебелеење.

 

- Реклама -