Конечно џиповите стануваат предмет на интерес за автомобилските аукции. Погледнете ги овие 8 модели за кои веќе има многу заинтересирани колекционери, кои знаат зошто!
1960 – 1984 Toyota Land Cruiser
Се проценува на: 31 000 долари
Вистински ретро класичен модел. Овој кој го гледате на сликата се продаде за 88 000 долари на аукција во јануари.
1958 – 1971 Land Rover Series II
Се проценува на: 26 500 долари.
Класичните модели на Land Rovers секогаш биле ценети од страна на колекционерите.
1966 – 1977 Ford Bronco
Се проценува на: 25 250 долари.
Ова е првиот компактен SUV модел на Ford. Оние кои имаат мотор V8 се особено барани денес.
1971 – 1985 Land Rover Series III
Се проценува на: 22 000 долари
Колекционерската вредност на оваа линија се зголемила за 50 проценти за последните 5 години, според податоците на Hagerty Insurance.
1961 – 1980 International Scout
Се проценува на: 19 900 долари
Првично беше претставен како комерцијален пикап, но подоцна станува вистински SUV.
1963 – 1991 Jeep Grand Wagoneer
Се проценува на 15 750 долари.
Оние кои се во лоша состојба можат да се купат поевтино, но ако пронајдете некој кој има поминато мала километража, тоа е тоа, ќе мора да се се разделите со доста поголема сума од оваа тука.
1954 – 1986 Jeep CJ
Се проценува на: 15 450 долари
1969 – 1972 Chevrolet K-5 Blazer
Се проценува на: 14 400 долари
Претставен е како конкуренција на Ford Bronco. Тој постигнува целосен успех, во однос на надминатите модели на Ford, бидејќи технички е добар како него, но има луксузни карактеристики како клима и поголема удобност во внатрешноста.