Фотографот Ѓорѓи Десподов од Прилеп честопати не воодушевува со неговиот свет и приказни на кој што им ја посветува својата креативна енергија.
Неговата најнова фотосторија го носи името “NIN’S ISLAND”, а приказната е за една млада девојка по име Нин, која што живее сама на остров.
Нејзината мајка и татко боледувајќи од неизлечива болест починале кога таа имала само 10 години, но и оставиле фенер знак на светлина, и цвет како знак на љубов.
Исто така таа многу сака да оди под водата и да го гледа подводниот свет.
Според неговата приказна, водата е единственото нешто што ја прави среќна.
Сакате уште?
Тогаш во продолжение ви нудиме да погледнете уште еден негов едиторијал.
“The Flower SOul” е фото сторија поразлична од сите негови едиторијали и фотосесии, во неа преовладуваат две бои тоа се белата и црвената боја, кои што претставуваат и главната инспирација за ова дело.
„Сакав да направам нешто поразлично од другите фотосесии исто така да пробам и нешто ново да експериментирам. За уредувањето на просторијата и облеката се погрижив јас, додека за шминката и фризурата е заслужна Милена Северкоска со која соработувам вејќе одреден период. За оваа фотосторија требаше и соодветен модел со тоа што ја одбрав Стефанија Дукоска која што многу добро ја одигра улагата. Самиот наслов на оваа фотосторија појаснува дел од прикаската која се крие зад неа. На сликите е прикажана жена на која што единствена љубов и претставуваат црвените ружи кои што и значат се во животот. Нејзиниот живот претставува бела бајка во која што само црвените ружи и напивките од нив ја имаат црвената боја. Таа е опседната со ружите, и постојано прави напивки од кои се храни.” во кратки црти ни раскажа младиот фотограф Ѓорѓи Десподов.