Студентите од универзитетот „Харвард“ во САД се докажано едни од најпаметните млади луѓе во светот.
Тоа значи дека не би требало да имаат проблем со една обична логичка задача, нели?
Да, ама не е баш така . 80% од учениците во овој елитен универзитет не успеаја да се справат со оваа навидум елементарна задача. Обидете да ја решите.
Палка и топка чинат 1,10 долари.
Палката чини 1 долар повеќе од топката.
Колку чини топката?
Не брзајте! Ако помислите малку повеќе ќе дознаете зошто.
Повеќето студенти од „Харвард“ одговориле 10 центи. Тоа е погрешно.
Точниот одговор е 5 центи.
Зошто? Ако топката чини 10 центи, тогаш вкупната сума треба да е 1,20 долари – 10 центи за топката и 1,10 за палката (1 долар повеќе).