Орландо и Миранда се неразделни

Орландо Блум и Миранда Кер очигледно поминуваат  повеќе време заедно, откако се разделија. Она што ги поврзува  актерот и моделката е 2-годишниот син Флин. Поранешните сопружници постојано излегуваат на семејни прошетки со малиот наследник, вложувајќи напори  тој да израсне среќно и без недостаток на татко или мајка.

Потсетуваме дека Орландо Блум и Миранда Кер се венчаа во 2011 година, по 4-годишна врска. Двојката објави дека се разделува во октомври оваа година.

miranda-kerr-768