Во април оваа година, започна да се „шушка“ дека Селена Гомез, поранешната девојка на Џастин Бибер и Орландо Блум, поранешниот сопруг на Миранда Кер, се во врска.
После тоа Орландо и Џастин се степаа на Ибица, што наводно започнало зашто Бибер го навредил Орландо. Во исто време, Џастин отворено флертуваше со Миранда, па сите мислеа дека тоа причината за несогласувањата, или дека, очајно се обидува да се одмазди.
Но, Селена и Орландо повторно беа видени заедно и тоа на аеродром. Селена под рака водела непознат пријател и се смешкала, а Орландо одел зад неа сокриен под пешкир.
Пред неколку месеци, младата пејачка и актерка објави заедничка слика со Орландо, како се дружат со актерот Сет Роген и неколку пријатели на еден концерт. Пријателство или нешто повеќе, ќе покаже времето.