Актерот Орландо Блум, кој многу обожаватели доби благодарение на својата улога на Леголас во трилогијата „Господар на прстените“, на светот му откри шокантна тајна.
Големото признавање, згодниот актер го изнел на ‘Jimmy Kimmel Live’ шоуто.
„Хобит-книгата сум ја прочитал, но трилогијата „Господар на прстените“ не сум“, искрено кажал актерот, на кое водителот Кимел се пошегувал дека причината за ова сигурно било неговиот изглед, со заклучок дека тој е премногу убав за да ги прочита книгите.
Блум во шоуто го промовирал новиот филм „Хобити“ во кој се појавува повторно во улогата на Леголас, благодарение на која стекна бројни обожаватели.