Оригинално: Водителката го покажа задникот за промовирање на гостите

Водителката Аманда Холден на необичен и провокативен начин сакала да ги промовира своите гости во емисијата.
Нејзини гости биле Тони Бенет и Лејди Гага, а водителката за тој повод, соодветно се фотографирала многу провокативно.

Носела виолетов фустан до колена кој имал патент од позади. Позирала свртена со грб, а фустанот бил отворен доволно даго покаже нејзиниот задник.

Под фотографијата, која ја објавила на социјалните мрежи, напишала: „Погледнете кого интервјуирав денес“.

Screenshot_1

По таа фотографија следел и одговор, фотографија со Лејди Гага и Тони Бенет.

Screenshot_2

Со оваа фотографија Аманда се обидела да асоцира на насловот на албумот на Тони и Гага кој се нарекува „Образ на образ“. 🙂

- Реклама -