Откако вчера беа пронајдени отруени неколку кучиња, од Општина Карпош информираат дека ќе се направи сè што треба за да се пронајдат несовесните граѓани и истите да бидат соодветно санкционирани.
– Во постојана координација сме со надлежните државни органи околу спречување на ваквите инциденти и незаконски постапки. Локалната самоуправа решително пристапи кон решавање на овој актуелен проблем кој нѐ засега сите. За таа цел веќе утрово стапивме во комуникација со полициската станица Карпош и се договоривме заеднички да делуваме на терен, што подразбира мапирање на откриените отрови, нивно отстранување и идентификација на сторителите – порачуваат од општина Карпош.
Исто така, комуналните работници добиле дополнителна обврска, со упатства за заштита, за безбедно отстранување на отровните мамци од јавните површини, a на граѓаните им се препорачува да внимаваат на своите миленици кога ги шетаат.