Девојката која е постојано на рехабилитација поради проблеми со дргогата, налути некој што не треба- Опра Винфри!
Линдзи Лохан документарно реално шоу за своето закрепнување од рехабилитација, за телевизиската куќа Опра Винфри. Но, размазената ѕвезда не помина добро кога ја налути популарната водителка.
По серија инциденти и испади на Линдзи Лохан, како ситуацијата кога целата екипа ја чекала ѕвездата на реалното шоу, затоа што Линдзи се заклучила пред својот стан и не можела да влезе за да се спреми за снимањето, па морала лично Опра да ја интервјуира.
Водителката седнала во кола и брзала да и го врати разумот на ѕвездата. На патот кон студиото зажалила што не ги послушала луѓето кои и кажувале дека Линдзи не е најдобар избор и дека ќе прави многу проблеми.
Во разговорот со Лохан со многу смирен тон и објасни што ќе се случи ако не се стави во ред:
„Јас навистина сакам да победиш, искрено. Ако тоа не е е тоа што сакаш, во ред. Ќе и кажам на екипата да се спакуваат и завршуваме или ти навистина мораш да престанеш со ср*њата!“, рекла Опра на актерката.
Погледнете го разговорот помеѓу Опра и Линдзи: