Опра: Конечно го запознав својот идол

Познатата водителка, милијардер и  хуманитарец на друштвените мрежи се пофали дека го запознала Мик Џегер.

„ Не можам да поверувам дека конечно го запознав Мик Џегер. И да, драги луѓе, тој навистина танцува како Мик Џегер, се шегува Опра, која ноќва на едно друштвено случување гордо позираше со нејзиниот најомилен вокал, а со фотографијата се пофали на Инстаграм.

„ Доживеав многу во животот, но никогаш не мислев дека ќе играм на подиум до раните утрински часови со вистинска легенда“, додава таа.

 

- Реклама -